Свет

Цените на храната достигаат плафони, а едно од оправданијата се информациите за суша во Европа

Европа "можеби"(!) ја доживува најлошата суша во изминатиот најмалку половина милениум, соопшти денеска Европската комисија, откако најновите научни податоци покажаа дека скоро две третини од Европа е во состојба на тревога за суша или предупредувања поради топлотните бранови и слабите врнежи од дожд пренесува радио слободна Европа. Прашањето е дали овие податоци се релевантни и веродостојни со оглед на многуте лажни вести и пропагандни информации кои ни се пласираа во изминатите години.

Во августовскиот извештај на Европската опсерваторија за суша, која е под Европската комисија, се наведува дека 47 проценти од Европа е во услови на предупредување, со јасен недостиг на влага во почвата, додека 17 отсто се во состојба на готовност зашто е зафатена и вегетацијата. Сушата „се чини дека е најлоша во изминатите најмалку 500 години“, рече денеска портпаролот на Европската комисија Јоханес Барке, повикувајќи се на извештајот.

„Ова секако е само првична проценка и треба да го потврдиме со конечни податоци на крајот на сезоната“, рече тој.

Во извештајот се наведува дека летните култури претрпеле штета, при што годинашните приноси на пченка, соја и сончоглед ќе се намалат до 15 проценти.Внатрешниот транспорт долж реките како Рајна и Дунав е отежнат поради ниските нивоа на вода, кои исто така се одразија и на производството на хидроенергија. Врнежите од средината на август можеби го ублажија ефектот од сушата, но во некои случаи тие беа во форма на поројни дождови и грмотевици што предизвика дополнителна штета на веќе исцрпената почва, јавува радио слободна европа. Контрадикторна  е изјавата во која се спонемува суша и поројни дождови?

Откако цените на храната драстично пораснаа во Европа и неколку земји во светот се зголемуваат обидите за наоѓање оправдание за тоа, најпрвин вина се бараше во Украинската криза и извозот на украинското жито, потоа со недостаток на енергенси, исто така веќе една година се зборува за недостаток на ѓубрива без да се превземе било што за истите да се произведат или набават и сега последното оправдание е со наводна суша некаде во Европа.

Овие креирани ситуации се историски познати и веќе се има случено пред почетокот на втората светска војна, се надеваме дека сега ќе преовладее разумот кој се помалку го има во одлуките на европските држави и дека нема да се случи катастрфа. Додека ние се занимаваме со суши, енергетски кризи, рестрикции, нелогични затварања и мерки цената на 400 грама леб во Македонија достигна 51 денар, а за цената на струјата подобро и да не се споменува никој не знае колку е, ама зато сите плаќаме огромни сметки.

И главното, зошто тие што најавуваат криза и не заплашуваат и се одговорни за кризата не реагираат и не превземаат ништо!

Тагови

Поврзани вести