Економија

Цената на нафтата на минимум

Нафтата од видот брент на почетокот на месецов имаше цена над 50 долари за барел, а сега цената изнесува само 27 долари.

Цените на нафтата на светските пазари речиси се преполовија овој месец и се зоздаваат вишоци залихи кај производителите .

Нафтата од  видот брент на почетокот на месецов имаше цена  над 50 долари за барел, а сега цената изнесува само 27 долари.

По спорот помеѓу Саудиска Арабија и Русија, картелот ОПЕК плус од април повеќе нема да се обврзува за намалување на квотите за црпење, а Саудиска Арабија и Русија се подготвуваат за искористување на сите расположливи капацитети.

Според новиот ценовник, кој стапува во сила од полноќ, бензинот Супер-95 поевтинува за 5,00 денари и ќе се продава по цена од 49,50 денари. Супер-98 поевтинува за 4,50 денари и ќе се продава по цена од 52,00 денари, а Дизелот, ќе биде поевтин за 3,00 денари и ќе се точи за 45,50 денари по литар.

Тагови

Поврзани вести