Забава

Хрватски град со уникатно решение за новогодишните елки по празниците: Кози ги рециклираат на природен начин

Охрабрени од практиката во странство, општинското комунално претпријатие на хрватскиот град Пула оваа година донираше новогодишни елки за да ги нахранат козите на фармата во Чокун, во Истра.

Тие новогодишни елки станаа вистински хит на фармата бидејќи козите со задоволство и темелно ги украсија.

Објаснувањето е дека козите уживаат во ароматичниот вкус на зелените иглички, кои благотворно делуваат на нивното варење, а го подобруваат и вкусот на сирењето направено од нивното млеко, изјави директорот на пулското комунално претпријатие „Херкуланеа“ Роби Фуарт.

До оваа недела во Пула беа собрани новогодишни дрвца без корен и во неколку наврати носени на фармата.

Новогодишните елки со корења имаат поинаква судбина: граѓаните ги одлагале во близина на контејнерите за ѓубре, а „Херкуланеа“ ги однела и ги засадила на зелените површини во Пула, како и претходните години.

Тагови

Поврзани вести