Македонија
Хрватскиот земјотрес не е почувствуван во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес, 29 декември 2020 година, во 12 часот и 19 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Хрватска, 570 km северозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда ML=6.4.
Според досегашните податоци, со кои располага опсерваторијата земјотресот не е почувствуван.