Свет

Хрватска прогласи состојба на природна катастрофа во два окрузи

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ на вчерашната владина седница изјави дека Хрватската влада ќе прогласи состојба на природна катастрофа за два окрузи, Сисак-Мославина и Загреб, кои беа погодени од разорниот земјотрес, што предизвика огромна материјална штета, изјави премиерот Андреј Пленковиќ. Тој порача дека никој нема да остане сам во оваа тешка ситуација што ја снајде неговата земја од серијата земјотреси.

Владата оддаде и едноминутно молчење во чест на осумте млади луѓе кои ги загубија своите животи во близина на Посусје во БиХ пред неколку дена.

Тагови

Поврзани вести