Свет
Хрватска го демантира НАТО и потврди дека дронот бил полн експлозив!
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Загреб го демантираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој изјави дека дронот што падна во главниот град на Хрватска немал експлозив.
Дали овие инаетења со невистини и лажни тврдења од страна на Столтенберг се во функција на ублажување на прикажаната неспособност за откривање на летала или дронови од страна на НАТО останува да видиме, но како и да е овие лажни тврдења не водат кон подобрување на имиџот на воената алијанса.
– Не беше „unarmed“ (невооружена), туку беше со експлозив, изјави Пленковиќ на прес-конференција во Загреб, а како доказ на новинарите им покажа фотографии на кои, како што наведе, се гледаат траги од бомба.
Тој додаде дека сега е познато дека дронот од советско производство, кој се урна во четвртокот вечерта во Загреб, носел експлозив.
„Тоа летало, со оглед на тоа што има голема конфузија, мораме да ги растераме и елиминираме сите можни неточни информации, носеше експшлозив“, нагласи хрватскиот премиер, велејќи дека на фотографиите се гледа дека има делови од бомба.
Хрватскиот премиер повтори дека истрагата е во тек и дека се прави обид да се утврди за каква бомба станува збор