ЗдравјеХрана
Храна што можете да ја јадете на празен стомак
Млеко, мед, суво овошје и лубеница. Ова се производите кои можете да ги консумирате на празен стомак без никакво чувство на вина, а истовремено ќе ви помогнат да ја задржите својата тежина без премногу напор. Доколку сакате да дознаете кои се останатите производи, прочитајте тука.

Млеко
Млекото има одличен вкус што може да го задоволи чувството на глад. Доколку сте гладни пред да одите на спиење и кога веќе сте вечерале, најдобро би било да се напиете чаша млеко. Чувството на глад ќе исчезне, а мастите и протеините кои ги содржи млекото ќе го пополнат вашиот празен стомак.
Мед
Медот е значaен дел од исхраната, ја подобрува функцијата на мозокот и го зголемува нивото на серотонин, хормонот на среќата и благосостојбата. Доколку почувствувате глад можете да си сркнете лажица мед или да го искористите како засладувач во вашиот омилен билен чај.
Овесни снегулки
Овесните снегулки потопени во топло млеко се совршен избор за појадок. Тие имаат такво својство што го подобрува отстранувањето на токсините, ја нормализира цревната микрофлора и истовремено дава чувство на ситост што трае подолго време.
Јајца
Јајцата се богати со протеини и содржат многу малку калории (околу 60 калории во едно јајце). Затоа наутро, направете си хранлив и вкусен појадок што ќе ви даде енергија за претстојниот ден. Доколку консумирате јајца за појадок, можете да го намалите чувството на глад, да ја намалите потрошувачката на калории на ручек и во текот на целиот ден, но внимавајте да не претерате. Експертите препорачуваат четири јајца неделно

Суво овошје
Сувото овошје е богато со минерални соли и добри масти и може да го подобри варењето на храната, нормализирајќи ја pH вреднста во желудникот. Истражувањето извршено на 13.000 луѓе покажало дека испитаниците кои консумирале суво овошје внесувале поголем процент на хранливи состојки од оние кои не го јаделе.
Лубеница
Лубеницата е составена од околу 99% вода, има освежителен и сладок вкус и претставува одлично разладување во жешките летни денови. Лубеницата ќе ве држи сити подолго време и ќе ви помогне да одолеете на слатките и на другите грицки кои обично сте ги јаделе.
Интегрален леб
За време на балансираната и здрава диета, јаглехидратите се исто толку важни како и протеините и се основен дел од секоја здрава исхрана. За енергичен почеток на денот можете да направите милион комбинации со интегралниот леб и да го започнете денот на вистинскиот начин.