Свет

Холандскиот град Харлем ќе биде првиот што ќе забрани рекламирање месо на јавни места?!

Холандскиот град Харлем ќе биде првиот што ќе забрани рекламирање месо на јавни места. Целта е со овој потег да се придонесе за намалување на емисиите на стакленички гасови. Харлем се наоѓа западно од Амстердам и има 160.000 жители. Месото е на листата на работи кои не можат да се рекламираат на јавно место од 2024 година.

Тоа значи дека рекламите за месо, авионски летови, фосилни горива и автомобили нема да можат да се рекламираат во автобуси, згради, емитувани на јавни LED екрани. Истражувањата покажаа дека глобалното производство на храна создава една третина од стакленички гасови, а со тоа придонесува за глобалното затоплување. 

Утврдено е и дека производството на храна од животинско месо е двојно поголем загадувач на планетата од производството на храна од растенија(?). 

Шумите, кои апсорбираат јаглерод диоксид, се сечат за да се создаде простор за пасење животни. Земјоделските ѓубрива се богати со азот и како такви се причина за загадување на водата и воздухот, придонесувајќи за климатските промени и оштетување на озонската обвивка. 

 

Производителите од месната индустрија ја обвинија локалната власт дека претерува, им кажува на граѓаните што е најдобро за нив, а противниците на ваквата забрана сметаат дека тоа ја ограничува слободата на изразување.  

Истражувањето на Гринпис заклучи дека годишната потрошувачка на месо ќе мора да се намали на 24 килограми по човек доколку Европската унија сака да биде климатско неутрална до 2050 година.  

Просечната годишна потрошувачка на месо во ЕУ во моментов е 82 килограми по лице. Холандија е најголемиот извозник на месо во ЕУ, пишува весникот Гардијан 

Ова се образложенијата кои се користат за уништување на животните во Холандија, дали и во овој случај се користи екологијата како средство за постигнување на нечии интереси заклучете самите.

Тагови

Поврзани вести