Свет
Холандија ќе воведува самоуправувачки возови
Холандија ќе тестира, а потоа и планира да воведе самоуправувачки возови без машоновозач. Како што наведуваат холандски медиум, тестирањето без патници ќе се изврши на пругата Лелистат – Зволе.
Во локомотивата треба да биде вграден компјутер што ќе ги преземе речиси сите работи, а машиновозачот, кој и понатаму треба да биде присутен во возот, само ќе го следи возењето и ќе реагира само ако има потреба. Претставници на Синдикатот на железничарите на Холандија неодамна биле во посета на Британската железница каде што се запознале и останале релативно задоволни од функционирањето на самовозечките возови таму.
Железниците на Холандија во работен ден во просек превзуваат по 1,3 милиони патници, веќе се појавува проблемот со преоптовареност, кој се очекува да се надмине со компјутеризацијата.