ЕкономијаСвет

Холандија ги ограбува своите граѓаните, воведува данок на нереализирана добивка

Владите во цела Европа притиснати од насилно наметнатите кредити и давачките се повеќе измислуваат неверојатни зголемувања и наплати на даноци, разни такси и измислени давачки.

Холандските власти најдоа суптилен начин како да им грабаат пари на граѓаните за да ја полнат празната државна каса. Пратениците го одобрија контроверзниот закон за данок од 36% за нереализирани капитални добивки од заштеди и дигитални средства што оствариле приноси, дури и ако сопствениците не ги продале и реално не оствариле добивка.

Законската рамка предвидува годишно оданочување на приватни лица врз основа на раст на широк спектар на капитални средства – штедни влогови, акции и други хартии од вредност, разни камати, но и криптовалути и дигитални средства. Данокот ќе се наплаќа без оглед на тоа дали лицата реално ги продале средствата што им генерирале потенцијална заработка.

На сликовит пример, ако акции во вредност од 10.000 евра достигнат 11.000 на крајот од годината, даночната управа ќе смета дека сопственикот заработил 1.000, иако тој реално не ги продал и не заработил. До мај идната година тој ќе мора да плати данок од 360 евра (36%), дури и ако во меѓувреме вредноста на акциите се врати на почетната, пренесува офф.нет.мк

 

 

Тагови

Поврзани вести