Свет

Химеји, прекрасен дворски комплекс во Јапонија од XIV век (видео)

Химеји дворецот во Јапонија е комплекс на врвот на планината во градот Химеји.Се смета за најдобро зачуван пример на дворец во јапонската архитектура, а се состои од 83 градби вмрежени во одбранбен систем многу напреден за периодот на феудализмот во Јапонија, кога е изграден дворецот (14-17 век).Дворецот е познат и како Ширасаки-Јо или дворецот на белата чапја, поради неговата белина и обликот на птица.

 

Од неговата изградба повеќепати е обновуван и прошируван, а на почетокот на 17 век е и потполно срушен поради реконструкција.Од тогаш е веќе 400 години недопрен и ги преживеал сите војни и бомбардирања во Втората светска војна.

Од 1993 е под заштита на УНЕСКО.

А.Ј.

Тагови

Поврзани вести