Македонија

Хигиена на Град Скопје купи механизација за 1.5 милиони евра

Контејнерите се мали за количината на отпадоците. До нив, може да се види стар мебел, кои жителите на Скопје го исфралаат од своите домови, без да им биде гајле дека тој завршува на улица. Граѓаните велат дека надлежните немаат доволни капацитети за менаџирање со отпадот а оттаму одговараат дека свеста на граѓаните за чување на животната средината е на ниско ниво. Од Град Скопје, при претставување на двојно поголемите контејнери бараат мобилизирање на двете страни.

Од Комунална хигиена велат дека овие големи камиони, освен по булевари не можат да возат во потесни улици. Директорот на ова претпријатие, Абдусамед Шабани вели дека полесно е да се освести факторот човек отколку да се инвестира во механизација.

„Во потесни улички не верувам, но во главните патишта не верувам дека може да има проблем при поставување на контејнерите. Ние како Комунална хигиена, во текот на оваа година, но и претходната година, работевме во зголемување на свеста, особено во основните и средните училишта, се со цел да се зголеми свеста на граѓаните, да се грижат повеќе за хигиената во градот Скопје“.

Инаку, комуналното претпријатие ќе добие четири камиони со приколка, 22 машини за чистење на јавните простории, 540 контејнери, од кои 30 за делење на отпадоците и 950 корпи за помали отпадоци. Инвестицијата ќе чини 1,5 милиони евра.

Тагови

Поврзани вести