Забава
Многу критики за Хајди Клум
Поранешната манекенка Хајди Клум (51) присуствуваше на доделувањето на Златните глобуси во Лос Анџелес, придружувана од нејзиниот 16 години помлад сопруг, германскиот музичар Том Каулиц (35)
Хајди се прошета на црвениот тепих во зелен лелеав фустан, кој го истакна нејзиното деколте, но нејзиниот моден избор не им се допадна на многу корисници на социјалните мрежи.
„Кој и го направи ова, да не го повтори“, „Превулгарно за ваков настан“, „Толку убаво облечени жени, а таа е никаква…“, беа коментарите на социјалните мрежи.
„Таа е прекрасна, но фустанот не е. Овие преголеми шлицови се бескорисни“, беше друг коментар.