Свет

Хаос на аеродромот во Дубровник: Патници зафатени во невреме, три авиони пренасочени кон Италија

Три авиони кои денеска требаше да слетаат на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дубровник, поради силниот ветер се пренасочени кон италијанскиот град Бари, додека шест од нив се пренасочени кон Сплит, јавуваат хрватските медиуми.

.Авионите на „Изи џет“ и „Бритиш ервејс“ од Лондон, како и на „Рајанер“ од Берлин се пренасочени кон Бари, објави Index.hr.

Како што е наведено, авионите на „Рајранер“ од Стокхолм, Виена и Краков, авионот на „КЛМ“ од Амстердам, како и на „Кроација ерланјс“ од Франкфурт и Загреб биле пренасочени кон Сплит.

Во исто време, откажан е летот на Аустриан Ерлајнс од Виена, објавено е на веб-страницата на аеродромот во Дубровник, Руѓер Бошковиќ.

Поради бурните ветрови откажани или одложени голем број летови од Дубровник до европските дестинации.

Хрватскиот авто клуб (ХАК) извести дека поради ветерот Мост „д-р Фрања Туѓмана“ во Дубровник е затворен за двокатни автобуси, возила со камп приколки и мотоцикли.

Како што пренесува хрватски Индекс, силен ветер соборил дрво на автомобил во населбата Монтовјерна, како и заштитна ограда на градилиштето во Груж.

Тагови

Поврзани вести