Македонија

Хаос во Фондот за пензиско во 2023-та: Услуги наплаќани 22 пати повеќе од нормалните цени!

Над 820 илјади евра се потрошени за ангажман на лица со договор, за кои не може да се утврди дали воопшто се појавувале на работното место.

Ревизијата утврди дека 2023-та година во време на владеењето на СДСМ/ДУИ и нивни кадар кој го води Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во таа година биле прифаќани понуди за тековно одржување и изведување на градежно занаетчиски работи со цени повисоки и до 22 пати. Над 820 илјади евра се потрошени за ангажман на лица со договор, за кои не може да се утврди дали воопшто се појавувале на работното место.

Државните ревизори откриле сериозни слабости и неправилности во работењето на Фондот, кои укажуваат на долгорочни структурни и проблеми во управувањето со оваа институција. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и во 2023 не успева да ги покрие своите финансиски обврски, што резултира со дефицит од 33 проценти кај исплатата на пензии.

Меѓу клучните наоди се наведува дефицитот што произлегува меѓу наплатата на придонесите и исплатата на пензиите. Во 2023 приходите од придонеси се зголемени за 13%, достигнувајќи над една милијарда евра, но сепак, не се доволни за покривање на растечките расходи. Затоа државата учествува со 32,6%, што укажува на висока зависност од буџетските трансфери.

„Приходите од наплатен придонес од плата за пензиско и инвалидско осигурување во 2023 се зголемени за 13% во однос на претходната 2022 година и изнесуваат 63.340.987 илјади денари со учество од 65,74% во вкупно остварените приходи. Оствареното зголемување на приходите во 2023 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции кои исто така секоја година бележат раст“, се вели во ревизорскиот извештај.

Тагови

Поврзани вести