Свет
Фото-магија: Облаци над Сибир од кои запира здивот

Пред 20-тина години Светлана Казина дала отказ од работното место во големиот град и се преселила во дрвена колиба во село во Алтај, јужен Сибир, заедно со нејзините две деца, за да биде поблиску до природата.
Како поминувале годините, планината станала природниот хабитат на Светлана, која во нејзиното повлекување во природата сепак не се разделила од нејзиниот фотоапарат.
Таа неодамна ги улови овие неверојатни облаци на небото над Сибир од кои просто запира здивот.