Фотографот Фабрис Герин со часови набљудувал поларна мечка на Северниот Пол, чекајќи го моментот да направи совршена фотографија. Наместо тоа, успеал да фати слика толку тажна и толку вистинита, што е ужасен потсетник дека целосно ќе ја уништиме планетата Земја и сите нејзини жители ако не ни дојде паметот.
Сама, гладна и збунета, поларната мечка, по неколку часа поминати во безуспешна потрага по храна, пронашла црна, пластична кеса и почнала да ја јаде – најверојатно чувствувајќи го мирисот на храната што некогаш се наоѓала во неа. Фотографот се изненадил кога видел дека пластиката успеала да стигне и до тоа место.
Поголемиот дел од ваквиот отпад не е биоразградлив и многу животни, како желките, птиците и китовите, страдаат така што го голтаат пластичниот отпад. Оваа мечка имала среќа, но милион животни низ светот страдаат затоа што ние, луѓето, не сакаме да се свестиме и да се насочиме кон еколошки начин на живот.
Ако го сфатиме тоа денес, сѐ уште имаме можност да ги промениме работите. Додека не е доцна.