Свет
Фотографија на денот: Опасна вулканска ерупција на Филипини
Од околината на вулканот Таал на Филипини се евакуирани стотици илјади луѓе. По повеќедневното исфрлање пепел, сега вулканот започна да исфрла и лава.
Вулканот со денови исфрла пепел, поради што околните места, како Батагас Сити се сосема сиви. Во последниве часови е забележано дека Таал исфрла и лава, а регистрирани се стотина вулкански потреси. Вулканот е опасно активен, предупреди сеизмолошкиот институт Фиволкс. Таал се наоѓа на главниот филипински остров Лузон, околу 70 километри јужно од главниот град Манила. Тамошниот аеродром е привремено затворен, откажани се стотина авионски летови.
Последен пат Таал беше опасно активен во 1977. година, а најсмртоносна ерупција се случи во 1911. година, кога настрадааа 1.300 луѓе.