Свет

Фотографија на денот: Заштита од корона-вирусот

Човек во Хонгконг носи пластично шише на лицето во обид да се заштити што е можно повеќе од корона-вирусот.

Во Кина за само еден ден се регистрирани нови 2.800 пациенти инфицирани со вирусот. Со тоа бројот на инфицирани се зголеми на над 17.000. За еден ден и бројот на починати се зголеми за дури 57 лица и сега изнесува 361. Во Германија во моментов има најмалку десет случаи на заразени со корона-вирус. Две инфицирани лица пристигнаа вчера од Вухан, со авионот на германскиот Бундесвер кој во Германија пренесе 124 лица. Според наводи на универзитетската клиника во Франкфурт, инфицираните, со оглед на околностите, се чувствуваат добро.

DW

Тагови

Поврзани вести