Свет

Фотографии снимени од височина – Најневеројатните национални паркови во светот

Постојат многу нешта кои што не можете да ги видите од вселената: вашиот дом, Ајфеловата кула или можеби Таџ Махал. Поголемиот број на вештачки структури изградени од страната на човекот тешко можат да ви овозможат уживање надвор од рабовите на ниската орбита на Земјата (освен дискутабилно е прашањето за Големиот ѕид во Кина).

Постојат многу нешта кои што не можете да ги видите од вселената: вашиот дом, Ајфеловата кула или можеби Таџ Махал. Поголемиот број на вештачки структури изградени од страната на човекот тешко можат да ви овозможат уживање надвор од рабовите на ниската орбита на Земјата (освен дискутабилно е прашањето за Големиот ѕид во Кина).

Природата, од друга страна, зафаќа сосема нов вид  на убавина од рабовите на нашата атмосфера. Веруваме дека ќе ви биде тешко да одолеете на овие природни убавини, а планот за патување ќе биде неизбежен откако ќе ги видите овие дестинации како изгледаат снимени одозгора.

Во 2017 година, Службата одговорна за националните паркови забележа преку 330 милиони посетители на преку 84 милиони хектари. Статистичката анализа според овие податоци, укажува дека на ниво на земјата станува збор за огромни боеви.

Додека размислувате за следното патување, истражете ги некои од овие иконски дестинации преку сателитски фотографии фотографии

1. Националниот парк олимписки

Астронаутот на НАСА, Џеф Вилијамс, ја направи оваа сложена слика на Националниот парк олимписки, истакнувајќи некои од познатите глечери на паркот и неверојатни врвови.

2. Националниот парк Јелоустоун

Националниот парк Јелостоун е заштитен од Конгресот на САД и е лоциран во државите Вајоминг, Монтана и Ајдахо. Паркот е познат по животинскиот свет и по геотермалните извори. Индијанците го населувале овој регион уште пред 11.000 години.

3. Национален парк Голем Кањон

Единствените комбинации на геолошки бои и ерозивни форми украсуваат кањон кој што е долг 277 километри, широк 29 километри и длабочина од 1,6 километри.

На оваа сателитска фотографија острите рабови на Големиот Кањон се пресечени со екстензивен дел од снег, што придонесува фотографијата да изгледа естетски и апстрактно.

4. Националниот парк Кенаи Фјордс

Ова е Национален парк на Соединетите Американски Држави основан во 1980 година од страна на Националниот закон за зачувување на националните интереси на Аљаска. Националниот парк е отворен во текот на целата година. Снегот на повисоки височини на патеката може да опстојува и во средината на летото. Лошата страна на оваа дестинација тоа што овде е идентификувано зона на опасност од паѓање на мраз.Тоа е зоната “Излез Глечер”,  дефинирана како опасна поради високите блокови и плочи на мраз, како и ледените пештери. За ваша безбедност, влезот во оваа зона е забранет.

5. Националниот  парк Бискајне

Националниот Американски парк – Бискајне е лоциран во јужна Флорида, јужно од Мајами. Деведесет и пет проценти од паркот е во вода, а на брегот на заливот е лоцирано широка мангрова шума.

6. Националниот парк Акадија

Поголемиот дел од паркот припаѓа на планината Десерт Ајленд, парче од паркови но и приватна сопственост на приморските села кои сезонски се пополнуваат. Останатиот дел е распослан по помалите острови и полуострови.

7. Националниот  парк Смртната Долина

Ова е национален парк со локација во САД. Надминувајќи ја границата на Калифорнија и Невада, лоциран е источно од Сиера Невада, а зафаќа површина меѓу сувиот Голем Басен и пустините Мохаве во САД. Паркот го штити северозападниот агол на пустината Мохаве и содржи разновидна пустинска околина, долини, кањони и планини.

Тагови

Поврзани вести