Настани

„Форест Фест” викендов по шестипат во Малешевијата

Настанот е во организација на Националното здружение на сопственици на приватни шуми, а активностите започнуваат во Едукативниот центар за зачувување на природата во пехчевското село Негрево.

-Во рамки на настанот предвидена е богата едукативна програма и рекреативни активности во прекрасните предели на Малешевијата. Негрево ќе биде местото каде ќе се одржи настанот, како алтернатива после пожарите кои ја зафатија Малешевијата во изминатите години. Во рамки на настанот ќе имаме неколку предавања на тема Заштита од пожари, но исто така ќе ја опфатиме и темата за санација на опожарени површини, бидејки за неа се помалку се зборува, велат организаторите.

Во рамки на настанот ќе бидат посетени и опожарени површини на сопственици на приватни шуми, а како што додадоа организаторите ќе се разговара и на теми кои се од витално значење за сопствениците на шуми.

Во сабота (20.08.2022) како дел од ,,Форест фест“ со почеток од 9 часот се организира и велосипедска тура со вкупна должина од 40 километри во чии рамки предвидено е искачување до најисточната точка во Македонија, врвот Ченгино Кале, преку Равна Река и попатно по течението и изворот на река Брегалница. Сите заинтересирани за учество на велосипеската тура, можат да се пријават на телефонскиот број 077-201-295. /МИА

Тагови

Поврзани вести