Медицина
Фајзер тестира таблети за лекување на ковид-19

Компанијата Фајзер, која е еден од главните производители и дистрибутери на една од ковид-вакцините, работи на нова терапија за оваа болест.
Имено, во своите лаборатории тие тестираат орални таблети кои може да се земаат при потврдено присуство на коронавирусот, со цел олеснување на симптомите и полесно закрепнување, како и спречување на хоспитализација.