Македонија
Фатени на камера како фрлаат ѓубре од трактор во реката Вардар
Граѓанското здружение „Еко герила“ од Тетово објави видео на кое се снимени луѓе како фрлаат отпад во реката Вардар. Активистите од „Еко герила“ бараат да се најдат сторителите и најстрого да се казнат.,
„Село Стермни, река Вардар. Неодговорните луѓе фрлаат сѐ што можат од тракторот во реката. Ова е трагично, итно е потребна жестока реакција од полицијата. Заплена на тракторот и големи казни. Без строги санкции, нема да имаме чиста околина“ напиша граѓанското здружение Еко герила од Тетово на својата фејсбук страна.