Македонија
УЈП влезе во инспекција на „Еко Клуб“
Управата за јавни приходи (УЈП) денеска во инспекција на битолската фирма „Еко Клуб“. Се „чешла“ документацијата на компанијата по неодамнешниот скандал што излезе во јавноста во врска со несоодветниот начин на обработка и транспорт на медицински отпад во погоните на нејзината подружница во Скопје.
Скандалот за несоодветниот третман на медицинскиот отпад беше тема и на прес-конференцијата на градоначалникот Петре Шилегов и главниот инспектор на Град Скопје, Мирослав Богдановски кои го обелоденија видеото со ужасна содржина што требаше да го вклучи алармот и на другите институции. Наобјавените видеа и фотографии, јасно се гледаше неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад во погоните на „Еко Клуб“ во кои, меѓу другото, кучиња скитници јадат човечки остатоци и крв што истекува во атмосферската канализација и се влева во реката Вардар.