Македонија
Уште еден земјотрес регистриран по силниот од утринава – Откриено и дали се пријавени штети
После силниот земјотресот кој ја разбуди Македонија во 04:54, утринава беше регистриран уште еден нов со речиси идентична локација во Леуново, Мавровско.
Околу 6:23 часот почувствуван е уште еден потрес со јачина од 3,6 степени, што се толкува како афтер шок по првиот удар на длабина 10км.
Освен вознемиреност кај граѓаните, засега не се пријавени штети од силниот земјотрес што го стресе подрачјето на Гостивар рано утрово. Епицентарот на земјотресот беше во Леуново, на територијата на Општина Маврово и Ростуше, а доколку ги има, тие да може да се пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.
Според досегашните податоци земјотресот најсилно бил почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со V степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со IV степени.
Во регионте на Битола, Прилеп и околината со III степени.