Македонија

Усвоен Законот за легализација на дивоградби, реагираат еко здруженијата

Овој Закон предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, односно до осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“ и тој ќе важи до правосилно завршување на постапките кои се започнати согласно законот.

    Од законот се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион каде има природното и културното наследство.

Законот вклучува гаражи, остави и базени, изградени без дозвола за градба. Дозволено ќе биде легализирање на дивоградби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачје на заштитено недвижно културно наследство.

Oд О2 Иницијатива реагираат дека со ова слободно може да биде погребана правната држава.Со овој закон се запираат сите постапки за рушење на дивоградби и сите поврзани управни и судски постапки. Да, тоа значи и ако има кривични пријави, и тие се стопираат.
Пратениците од Комисијата за транспорт, врски и екологија, само пред неколку дена усвоија и измена со која законов нема рок на важење од 7 години, туку ќе важи додека сите постапки не се завршат, колку и тоа долго да трае. Истовремено и на стариот закон, чија важност истече на 3.3.2021, му го тргнаа рокот на важење, па и тој е на сила до недоглед.
Инаку законов ниту беше ставен на ЕНЕР, ниту виде јавни расправи, ниту стручни мислења, ништо.
Под превез на демократија си поминува некакво криминално-клиентелистичко-феудално општество.
Закопајте ја секоја надеж дека има шанса за правна држава, стои во нивната објава на Фејсбук.

Тагови

Поврзани вести