Свет
Универзитетска полиција во Солун и Атина?
Планирано е универзитетската полиција да биде распределена на три универзитети во Атина и на еден во Солун.
Во текот на вчерашниот ден медиуми објавија дека новоформираната универзитетска полиција, односно Тимовите за заштита на универзитетски институции (ОППИ), веќе почнува да се распределува и да патролира во универзитетскиот кампус во Солун и Атина, по што следуваше реакција од студентите и одржување протест на кој имаше и мали инциденти.
На синоќешниот протест на студентите поддршка им дадоа и тројца пратеници од опозициските СИРИЗА, МЕРА25 и Комунистичката партија.
Припадниците на тимовите за заштита на универзитетски институции на средината на мај ја завршија обуката, се чекаше објавување на Претседателскиот декрет кој ќе го регулира нивното работење.
Студентите, како во Атина, така и во Солун, пред летото одржаа неколку протести за да го изразат нивното несогласување со одлуката да се воведе универзитетска полиција.
Извор: МИА