Македонија
УНЕСКО денеска ќе одлучи дали Охрид ќе се најде на листата на светски наследства во опасност
Претходно, 34 организации и граѓански здруженија од Македонија и Албанија испратија писмо до Комитетот за светско наследство во кое се бара од УНЕСКО Охридскиот регион да биде впишан на листата на светски наследства во опасност. Ова не значи бришење од листата на заштитени природни и културни вредности на УНЕСКО, туку очекувана разврска на она на што беше укажувано години наназад од страна на експертите и критичката јавност, како несоодветно однесување кон брендот признаен од светот.
УНЕСКО досега даде неколку шанси за спроведување на препораките, но дегардацијата на универзалното културно и природно богатство продолжи, велат од невладината организација Охрид СОС. Невладините организации велат дека се длабоко загрижени, затоа што ваквата сосотојба не е последица ниту на војна, ни природна катастрофа, туку резултат на лошото управување и свесно уништување и негрижа од страна на властите.
„Мора јасна порака да се испрати до македоснките власти дека мора да ги почитуваат законите, насоките и препораките од експертите на УНЕСКО. Мора да ја почитуваат конвенцијата за светско наследство која вели дека мора да се грижат и да го унапредуваат регионот, да се спречат обиди за негова деградација а не да бидат изворот и причината за уништувањето“, велат од Охрид СОС