Култура

УНЕСКО: Гајдата е нематериајлно културно наследство

Гајдата и официјално е признаена како светско нематеријално културно наследство

Гајдата не е само инструмент – таа носи дел од македонската душа. Овој македонскиот народен музички инструмент е шесто добро по ред од Македонија кое се најде на репрезентативната листа на УНЕСКО. Досега на оваа листа се „Чет’рсе“, „Копачката“, „Гласоечкото пеење“, „Х’дрлез“ и „Мартинките“.

Од Управата за заштита на културно наследство посочуваат дека ова е голем успех на културната дипломатија на светско ниво и голема инспирација за македонските гајдаџии да творат и да создаваат бидејќи најголемата заслуга е нивна.

По пауза од 7 години, на листата на УНЕСКО се впишува еден од најавтентичните инструменти кој е повеќе од само произведувач на звук туку е дел севкупниот македонски идентитет.

 

Тагови

Поврзани вести