Здравје
Умерено консумирање на пиво придонесува за спречување на некои болести
Речиси од самите почетоци пивото се смета за пијалок, лек, храна и средство кое опушта. Овој древен пијалок преживеа до денеска со својот изворен, природен облик и со право по чајот е најраспространет пијалок на светот. Благото опуштање и смирувачкиот ефект од алкохолот од пивото позитивно влијаат на нивото на стресот и болестите, а тоа сега и научно е докажано!
За производство на пиво се користат четири природни состојки, вода, слад, хмељ и квасец, што е во склад со Законот за чистотата на пивото кој потекнува од далечната 1516-та година. Според тој Закон, за производство на пиво може да се користи само слад, хмељ и вода, а подоцна оваа листа е дополнета со пивски квасец, за кој претходно не се знаело.
Не треба да се занемари ни опуштањето од влијанието на алкохолот и хмељот, како постепеното намалување на стресот, што игра важна улога во развојот на болестите на денешницата кои се поврзани со животот. Новите откритија за влијанието на пивото во животниот век ги објавија и научници од Израел. Во студијата на квасецот докажаа дека мали количини на пиво може да влијаат поволно на теломерите.
Теломерите се составен дел од хромозомите (гените) чија низа се рефлектира на траењето на животниот век. Ова знаење е уште еден дел од сложувалката за позитивните ефекти од умереното конзумирање на пиво забележени на ниво на популацијата, како и во студиите со животни и „in vitro“ студии. Молекулите со потекло од пивото се препознаени како материи за поволни ефекти на здравјето, а тоа се антиоксидансите, минералите, витамините, влакната, полифеноли, фитоестрогени и алкохол.
Сите овие супстанции синергетски потпомагаат во корисните и добро познатите ефекти на малата доза на алкохол. Тој има корисен физиолошки ефект на телесните ткива и функции, а ефектот се темели на благо опуштање и смирувачки ефект, кој влијае на нивото на стрес, а со тоа ги намалува болестите кои можат да се предизвикаат од стресот. Уште еднаш треба да се предупреди дека сите овие позитивни страни се манифестираат при умерена конзумација кај здравите луѓе, што изнесува 3 – 6 dl пиво за мажите и до 3 dl дневно за жените.