Свет

Улуру – карпа која менува боја

Во срцето на Австралија, сместен е Улуру, еден од најпознатите и најголемите Национални паркови во оваа земја.

Улуру за локалното население не е подрачје кое е важно само поради природните убавини, туку и како место кое е дом на многу божества.

Улуру е голема портокалово-кафена песочна карпа која се наоѓа точно во средишниот дел на Австралија.

Оваа карпа настанала како резултат на песочните наноси кои ветрот ги носел со векови, поточно пред 680 милиони години. Карпата е долга 3,6 км, широка 3 км, а висока 348 м.

Навечер, карпата ја менува својата боја. Во текот на денот, исто така ја менува бојата во зависност од интензитетот на светлината од Сонцето.

Абориџините, ја нарекуваат Улуру, а во светот карпата е позната под називот Ајерс рок. За нив(Абориџините), оваа древна црвена карпа отсекогаш претставувала свето и мистично место.

Улуру годишно го посетуваат околу 1 милион туристи. Најголемата авантура претставува искачување на врвот на карпата, за што се потребни околу 2 часа. Абориџините не се искачуваат на врвот на карпата бидејќи за нив претставува свето место, а ги молат и туристите да не го прават тоа.

Овој национален парк е специфичен и по својата флора и фауна.

Тагови

Поврзани вести