Свет
Укината нелогичната одлука на Австриската влада, карантин само за невакцинираните
Австрија во ноември воведе задолжителен карантин за сите невакцинирани жители како не логично и дискриминирачко решение со оглед на тоа што нема разлика во вакцинацијата за тоа дали некој ќе се зарази или ќе го пренесе вирусот.
„Не ја носиме оваа одлука лесно, иако е неопходна“, кажа тогаш канцеларот Александар Шаленберг.
Невакцинираните можеа да излегуваат од дома само со одредена причина, како одење на работа и купување храна што е една од нај дискриминаторските мерки воведена во Европа.
Притисок за ретерирање на оваа одлука извршија и масовните демонстарации против мерките низ цела Австрија. Околу 65 отсто од жителите на Австрија се целосно вакцинирани, што е една од најниските стапки во Европа.