Свет
Ублажување на еко-стандардите за автомобили во САД
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нуди да бидат ублажени строгите барања за ефикасноста на горивото (Fuel Efficiency), донесени за време на администрацијата на претходниот претседател Барак Обама, кои треба да стапат во сила по 2020 година, пренесе АП, цитирана од светските агенции.
Администрацијата исто така, предупреди дека сака да го укине правото на Калифорнија и други држави да воведат сопствени, построги барања независно од федералните.
Предлогот ќе ги блокира напорите на администрацијата на Обама за промовирање на ефикасноста на горивото и намалување на емисиите на стакленички гасови.
Агенцијата за заштита на животната средина во соопштението вели дека ублажување на стандардите во наредните години ќе го одземе пристапот на Американците „до посигурни и повеќе прифатливи автомобили кои помалку ја загадуваат животната средина“.
Агенцијата и Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД (NHTSA) посочија дека администрацијата поддржува замрзнување на стандардите за ефикасност на горивото по 2020 година, но ќе побараат да бидат спроведени јавни консултации по овој предлог и редица други идеи, вклучувајќи зачувување на построгите барања од времето на Обама.