Свет
,,Убив цело семејство павијани” – ловец предизвика ужас
Членот на Комисијата за рибарство и дивеч во американската држава Ајдахо , Блејк Фишер , предизвика ужас на социјалните мрежи и во јавноста со објавените фотографии од ловот во Африка.

Фишер се фали на социјалните мрежи со богатиот улов , како на пример со десетина мајмуни , павијани , со кои позира . Тој и неговата сопруга се фалат дека убиле најмалку 14 животни во Намибија. Тие биле толку горди што убивале животни , па фотографиите ги пратиле на над 100 меилови. Меѓу убиените се жирафа, леопард и антилопи.
Фишер на жестоките критики одговори дека не направил ништо неморално или неетички. Сепак , реакциите на јавноста во САД отидоа дотаму што членовите на неговата комисија побараа оставка од Фишер.
Најстрашна од сите фотографии , која предизвика згрозеност и меѓу ловџиите е онаа со убиените павијани , каде малото мајмунче е погодено со лак и стрела , а Фишер се смее меѓу мртвите тела на животните.
,, Убив цело семејство павијани” , се пофали Фишер на фотографијата објавена на Фејсбук.