Забава
Убавината на сибирските племиња
Нивната природна убавина во комбинација со детално изработената традиционална облека, богата со бои, создава магија.
Фотографот Александар Кимушин повеќе од 10 години патува на најоддалечените катчиња на земјата и прави фотографии од припадниците на малите племенски заедници.
Неговиот проект „The world in faces“ ја прикажува убавината на луѓето од целиот свет.
Последните фотографии му се направени на патувањето во Сибир и ја прикажуваат убавината на припадниците на сибирските племиња.