Свет

Уапсени десетици новинари, политичари и таканаречени активисти

Турската полиција во утрински рации приведе политичари, активисти и најмалку деветмина новинари што се поврзуваат со масовните протести поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Рациите биле спроведени откако завршиле четвртите масовни протести во Истанбул и во големите градови низ Турција. Луѓето се приведени врз основа на обвиненија за прекршување на Законот за собири и демонстрации.Нова анкета покажува дека опозициската Републиканска народна партија би победила на избори ако се одржат сега.

Рејтингот на ЏХП е 33%, а на владејачката АКП е 30,4%.Анкетата била спроведена во периодот откако беше уапсен Имамоглу и откако му беше поништена дипломата, за да не може да се кандидира за претседател на изборите во 2028 година.

Тагови

Поврзани вести