Свет
Турција до 2023 година планира да создаде повеќе еко-градови
Економскиот пораст и порастот на населението претставуваат голем предизвик, но владата вели дека е посветена да ги следи своите цели за 2023 година. Во рок од четири години се очекуваат низа регулативи и преуредувања за да ги направат градовите поживи. Проектот ќе покрива сѐ – од велосипедски патеки до повеќе фабрики за отпад.
И велосипедските ленти се на агендата за намалување на емисиите од моторните возила и промовирање поздрав начин на живот. Мрежата на велосипедски и пешачки патеки ќе се прошири со нови надополнувања до 2023 година и ќе биде интегрирана со европската „Еуро вело“, мрежа од 15 долги велосипедски рути што го поврзуваат континентот. Патеките ќе ги носат велосипедистите од Одрин, кој се наоѓа во северозападна Турција, до внатрешните делови на државата. Истанбул ќе биде поврзан со главниот град Анкара и Анадолија со нови патеки. Сѐ на сѐ, Турција планира да изгради мрежа од 3.000 километри велосипедски патеки и 3.000 километри пешачки патеки. Плановите вклучуваат и изградба на 60.000 квадратни метри бариери на бучава во населбите лоцирани во близина на автопати, за намалување на бучавата.
Отпадот и отпадните води се уште еден агол во плановите за еколошки градови. Владата ќе ги субвенционира капацитетите за третирање на цврстиот отпад на општините. До крајот на 2019 година капацитетите за справување со отпадните води ќе опфатат 89 отсто од населението во градовите, а оваа стапка ќе достигне 100 отсто во 2023 година.
Во последниве години Турција почна да му дава приоритет на управувањето со отпадот поради загриженоста за зголемената еколошка штета, при што општините се одговорни за собирање на ѓубрето и за надградбата на нивните системи за управување со отпад. Исто така, во 2017 година државата рециклира повеќе од половина од пластичните шишиња на пазарот. Според новиот нацрт-закон, секоја деловна или јавна институција ќе треба да добие сертификат за нула отпад што ќе процени како се почитуваат новите политики. Освен тоа, предлог-законот ќе направи да биде задолжително за општините да воспостават капацитети за собирање на отпадот.