Свет

Тројцата кинески астронаути успешно се вратија на Земјата

Тројцата кинески астронаути, кои во Кина се нарекуваат тајконаути, во неделата успешно се вратија на Земјата по шестмесечната мисија на вселенската станица „Тијангонг“ (Небескиот дворец), соопшти Кинеската вселенска агенци, која нивната мисија ја нарече „огромен успех“.

Екипажот кој на кинеската вселенска станица престојуваше од почетокот на јуни, со капсулата „Шенчжоу-14“, се приземји во базата Донгфенг, во покраината Внатрешна Монголија на северот на Кина, во 20,09 часот по пекиншко време, извести вселенската агенција.

Според извештајот на медицинскиот тим, тројцата астронаути меѓу кои и една жена, се чувствуаат добро.

Тројцата тајконаути, командантот на мисијата Чен Донг, првата кинеска астронаутка Лиу Јанг и Каи Ксуже, биле задолжени за надзор на последната фаза од вселенската станциа што треба да биде круната на амбициозната кинеска вселенска програма.

Кина во 2011 година беше исклучена од Меѓународната вселенска станица (ISS) откако САД ѝ забранија на американската вселенска агенција NASA партнерство со Кина. Вселенската станица „Тијангонг“, позната и по англиската кратенка CSS, ќе биде во функција десетина година и во неа ќе се одвиваат различни научни опоти во речиси безтежнинска состојба.

Активностите на вселенската програма на Кина започнаа пред десет години со лансирањето на вселенската лабораторија „Тијангонг-1“ во 2011 година и лабораторијата „Тијангонг-2“ во 2016 година. Кина сака да стане водечка вселенска сила до 2030 година и вложива милијарди во својата вселенска програма, планирајќи патување на човек на Месечината, лансиорање на брод без екипаж на Марс и градење сопствена вселенска станица.

Од друга страна неизвесна е судбината на Меѓународната вселенска станица која во орбитата е подолго од две децении. Овој проект треба да заврши во 2024 година, а Русија претходно објави дека излегува од проектот во 2025 година. Русија ги продлабочува врските со Кина во Вселената откако САД со наметнувањето на стотици санкции се обидуваат со кој се опфатени и руските технолошки и вселенски програми да добијат примат. Така Москва одби да учествува во американската програма „Artemis“ за истражувања на Месечината и одлучи да му се приклучи на Пекинг во истражувањата на природниот сателит на Земјата следните години.

Се претпоставува дека Русија и Пакистан ќе бидат веројатно првите партнери во кинеската лунарна програма, а неизвесно е дали ќе им се приклучи и Европската вселенска агенција (ESA). Причината за тоа се промената на политичката клима меѓу Европската унија и Кина, по обвинувањата кон Пекинг за задушувања на слободите во Хонгонг и односот кон муслиманското ујгурско малцинство во покраината Ксинџијанг.

Можно е странски астронаути да бидат вклучени во истражувањата на кинеската орбитална станица, но секако тоа нема да бидат американски, бидејќи САД со закон ѝ забранија на својата вселнска агенција NASA секаква соработка со Кина.

Кина својот прв астронаут го испрати во Вселенста во 2003 година, а првата сонда на „темната“ сокриена страна на Месечината во 2019 година, со што стана првата земја во светот. Минатата 2020 година Кина ги доби примероците од Месечината и го финализираше „Beidou“, сопствениот систем за навигација, кој му конкурира на американскиот GSP. Кина предвидува веќе во мај да го спушти својот роботизиран уред на површината на Марс, а човечки екипаж да испрати на Месечината во 2030 година, и најави градење на стационирана лунарна база во соработка со Русија.

Тагови

Поврзани вести