Македонија

Трет ден гори во националниот парк „Преспа“ кај Пустец

Засега, нема информации дали постои опасност за проширување на пожарот

Во националниот парк „Преспа“ кај Пустец веќе трет ден гори високостеблеста шума, но според надлежните нема опасност за населените места, јавува МИА.

Пожарот избувнал во близина на албанско-грчката граница, а во неговото гаснење најпрво била вклучена територијалната противпожарна едница од Пустец, а денеска уште други пет возила и повеќе пожарникари.

Како што јавува МИА, интервенцијата е отежната бидејќи пожарот се наоѓа на тешко пристапен терен на врвот на планината Остоја, кај местото викано Пирамида 10.

„Поради опасноста за проширување на пожарот и на грчка страна, попладнево во гаснењето е вклучена и грчката општина Преспа со два помали авиони“,

пренесуваат  медиумите.

Засега, нема информации дали постои опасност за проширување на пожарот.

Тагови

Поврзани вести