Свет
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за со помош на војската да го спроведе протерувањето на нелегалните емигранти
Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп најави дека ќе прогласи општа вонредна состојба во САД за со помош на оружените сили да ја спроведе својата програма за масовно протерување на нелегалните мигранти.

„Добра вест: според некои информации претстојната администрација на Доналд Трамп е спремна во рамки на програмата за масовно протерување да прогласи национална вонредна состојба и да ги употреби воените ресурси против масовната инвазија на (претседателот на САД во заминување Џо) Бајден“, напиша на социјалната платформа на Трамп Трут соушал Том Филтон, директорот на конзервативната организација Џудишал воч.
Според проценките во САД има повеќе од 11 милиони нелегални мигранти, а здруженијата за човекови права се загрижени поради републиканскиот проект кон нив и почитувањето на правната држава.
Трамп уште во април најави дека Националната гарда треба да биде способна да протерува.
„Ако тоа не се случи, ќе ја употребам војската“, односно сојузните трупи, кажа Трамп за Тајм.
Уставот му дозволува на претседателот на САД да прогласи „општа вонредна состојба“ во вонредни ситуации.
По победата на 5 ноември и пред преземањето на функцијата на 20 јануари, Трамп веќе најави дека планира брзо да дејствува против емигрантите, именувајќи на клучни позиции три лица со тврд став кон миграцијата.
Трамп претходно оцени дека емиграциската политика на демократите ги претворила Соединетите Американски Држави во „депонија на целиот свет“.