Клима
Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел
Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг, ја прикажуваат земјата и дрвјата покриени со пепел и огромната штета предизвикана од вулканската ерупција.
Ова е особено забележливо на фотографиите на Номука, мал остров во јужниот дел на групата острови Хапаи.
Фотографиите се направени од авионот од страна на одбранбените сили на Нов Зеланд, а беа прикажани и сателитски снимки на Обединетите нации.
Сателитските снимки покажуваат речиси идентични сцени на островите Коломоту, Тонгатапу и селото Фафа на островот Нукуалофа, кои се целосно покриени со пепел, пренесува британскиот весник „Гардијан“.
На меѓународниот аеродром Фуамоту, пистата беше потопена и делумно покриена со пепел или земја, додека други сателитски снимки покажуваат дека поплави имало и во неколку области долж брегот.
Саботната ерупција на подморскиот вулкан Хунга Тонга-Хунга Хапаи, на околу 65 километри северно од главниот град Тонга, се смета за најголемиот вулкански настан во последните 30 години.