Свет
Тлото во Хрватска не престанува да вибрира: Нов земјотрес ги изнесе на улица жителите на Петриња

Подрачјето на Петриња во Хрватска утрово го погоди уште еден во низата земјотреси. Според првичните податоци на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), магнитудата на потресот била со јачина од 3,6 степени по Рихтеровата скала и со епицентар на три километри југозападно од Сисак.