Култура

„Те кажувајет, Илино моме” – Концерт на Габриела Новевска вечерва во 20:00 часот во Националната Опера и Балет

Вечерва во големата сала на Националната Опера и Балет, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи првиот голем, солистички концерт на Габриела Новевска, насловен „Те кажувајет, Илино моме”.

На овој концерт ќе бидат премиерно изведени сите осум композиции од истоимениот албум и уште неколку нови преработки, за комплетно концертно уживање.

Габриела Новевска ја интерпретира македонската народна песна најблизу до нејзината оригинална варијанта, истовремено оставајки свој, автентичен белег.

Иако е долги години препознатлива како вокал на етно составот “Монистра” и е вработена и дел од Националниот Ансамбл “Танец”, проектот “Те кажувајет, Илино моме” е она со кое самата се издвојува. Па така, народната песна ја вметнува во фузијата на рок и џез музиката. Начинот на старото македонско пеење е задржан, додека музичката обработка се вклопува во денешниот, модерен свет. Во целиот проект се вклучени најреномираните музичари во својата област, а аранжманите се дело на Александар Јовевски.

„Те кажувајет, Илино моме” е проект кој ќе ги разбуди сите Ваши емоции. Повелете на македонска песна!

Тагови

Поврзани вести