Македонија

Тетовчани се жалат на непријатна миризба од водата за пиење

Жителите на Тетово се жалат дека водата од гратскиот водовод има непријатен вкус и необичен мирис. Но, ваквата појава не е нова за тетовци, истото се случува петта година по ред во есенскиот период, особено во месеците октомври-ноември, кога има ваква промена кај водата.

Во есенските месеци секоја година водата од новиот водовод е со променет мирис и вкус,а некои граѓани од центарот на градот, a сведочат дека водата е и заматена.

-Чудна е тетовската вода, особено во месеците октомви и ноември. Има некој чуден мирис и вкус, па сега утринава кога пуштивме со сопругот чешма, дури и беше заматена. Сега ни е страв да ја пиеме. Не е таа вода која ја знаеме шарпланинска, некако како сјај да пиеш, а не вода, вели една жителка од Тетово.

Од тетовскиот Центар за јавно здравје информираат дека анализите на водата, кои се направени синоќа, покажале дека првичните параметри се во ред, но се вршат и дополнителни анализи.

Доктор Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија, вели дека досегашното искуство покажува дека непријатниот мирис и вкус доаѓа од лисјата кои паѓаат во водата.

Од Центарот за јавно здравје велат дека појава минатите години се надминуваше и со засилено хлорирање, а според досегашните искуства непријатниот мирис и вкус исчезнуваше за неколку дена.

Тагови

Поврзани вести