Свет

Терор и насилство врз еко-демонстранти во Германија

Германската полиција продолжува брутално да се пресметува со демонстранти рударското село Луцерат, но протестите веројатно само ќе се засилуваат, а најавено е присуство на шведската климатска активистка Грета Тунберг на денешниот голем протест против рушењето на селото за да се направи простор за копање јаглен.

Во меѓувреме, работници немилосрдно продолжија да ги рушат преостанатите објекти, вклучувајќи го и домот на последниот земјоделец во селото. Досега се насилно отстранети 470 демонстранти, од кои 370 си заминале доброволно, вели полицијата. Четворица од нив се повредени додека им давале отпор на полицајците.

Ваква смешна изјава и констатација од полицијата во Германија е лицемерна и навредувачка за читателите на нивното соопштение, замислете наведуваат како 370 демонстранти доброволно си отишле откако брутално се пресметале со 470 и уапсиле 4 лица.

Лицемерието е особено изразено доколку направиме компарација со Македонија, каде со децении некој испраќа емисари токму од Германија да ни продаваат лаги и измислици и со лажно претставување и лажни проекти да пумпаат средства за политичко и државно уништување на Македонија и македонците. Да не ги заборавиме и останатите примери и линии со слично дејствување на пример од Холандија, Шведска, Обединетото Кралство….итн.

Луцерат привлече илјадници климатски активисти кои се противат на употребата на јаглен во Германија. Енергетската компанија РВЕ сака на локацијата да почне подземно ископување јаглен. Владата вели дека подземното ископување јаглен е неопходно за да се осигура енергетската безбедност на земјата, но активистите сметаат дека јагленот од отворениот рудник е доволен.

Полицијата денеска очекува 8.000 демонстранти, на протест во соседното село Кајенберг, или и тие доброволно ќе си отидат?

Сепак кога се работи за голема медиумска покриеност на овој настан во делот на светот под Англо-Американска контрола на медиумите мора да го земеме со голема резерва и со претпазливост бидејќи во сите досегашни случаи истите послужуваат за да се скрие или измалипулира со вистината.

Тагови

Поврзани вести