Забава

Теророт продолжува: Актерот избркан од хотел во Венеција поради сертификат

На холивудскиот актер Џон Малкович му бил забранет пристапот во хотел во Венеција, Италија, бидејќи му истекол ковид-сертификатот.

Славниот актер се соочил со непријатната ситуација поради истечената „зелена потврда“, односно „Super Green Pass“, којашто е доказ за вакцинација против коронавирусот или прележан ковид-19, јавуваат италијанските медиуми.

Италијанските медиуми пишуваат дека на 68-годишниот актер му бил забранет пристапот до собата во познатиот хотел „Даниели“, каде што продукцијата му резервирала многу луксузен апартман, со поглед на Сан Марко.

Локалните весници објавија дека поради оваа одлука, Малкович морал да помине два дена во Венеција во изнајмен стан, а тоа го потврдила и италијанската новинска агенција АНСА, што значи има решенија за оваа тортура која наметнува сертификати на здрави луѓе

Џон Малкович во италијанскиот град ја снима серијата „Риплеј“, а од хотелот не сакале да го коментираат овој настан, бидејќи е тешка будалаштина.

Да потсетиме, во Италија во моментот е на сила дискриминаторскиот закон според кој за пристап до хотелите, баровите и ресторани, како и до јавниот превоз, неопходен е ковид-сертификат кој се добива или по целосна вакцинација или ако лицето преболело коронавирус во претходните шест месеци. Иако е општо познато дека вакцината не штити од зараза со вирусот и вакцинираните пренесуваат корона тие може слободно да го прават тоа, па дури е и пожелно според оваа мерка која се коси со здравиот разум.

Ова се користи и за промовирање и пропаганда со цел да се покаже дека дури и врз светски познати личности се применуваат мерките на репресија и терор и дека никој не е изоставен од наводната “борба” против пандемијата чии мерки не покажуваат никакви резултати во истата, а се одземаат основните права на луѓето.

Тагови

Поврзани вести