Македонија

Исклучена струјата во МЖ Транспорт, Клинички центар е следен

Железница од утрината без електрична енергија, деловите кои се под Електродистрибуција се отсечени од мрежата, дознава Телма.

МЖ Транспорт не успеа да го плати долгот којшто надминува 6,5 милиони евра поради што ЕВН почна со спроведување на својот план за исклучување. Ова претпријатие важи за загубар и подолго време има проблеми со финансиите. Очигледно ова претпријатие се спрема за продажба за ситни пари.

Од ЕВН денеска до пладне чекаат писмена гаранција од владата дека ќе се плати долгот на Клинички, којшто пак е повисок од седум милиони евра. Ако тоа не се случи „Мајка Тереза“ од денеска ќе биде без струја. Клинички повеќе од три години не ги плаќал сметките за струја и сега државата бара средства од други ставки од буџетот за да го подмири овој милионски долг. Информацијата на Телма ја потврдија и од Електродистрибуција.

Очигледно е дека народот повторно ќе биде ограбен за да се платат наводни сметки и да се направат огромни профити на мал број сопственици на фирми за набавка на електрична енергија, фирми за дистрибуција… и.т.н. со таканареченото решение на владата.

Кога сме веќе кај клинички центар, може ли да прашаме на која тоа локација е изграден новиот, тоа беше прашањето изминативе осум години, така?

Тагови

Поврзани вести