2017 година ќе биде најтоплата година од почетокот на мерењата, соопшти Светската метеоролошка организација на Светската климатска конфренција која се одржа во Бон, Германија.
Конфренцијата за климатски промени се одржа во Бон и на неа претседаваше Фиџи. Учестуваа 25 илјади партиципиенти. На конфренцијата присустуваа и францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и заменик-секретарот на САД Тоамс Шенон.
На конференцијата најмногу се говореше за затоплувањето на земјата, како и за концентрацијата на ЦО2 во воздухот.
Според нивните мерење, температурата на земјата се зголемила за 1,1 степен во однос на прединдустриското време.
Мерењата на Светската метеоролошка организација покажале дека во последните три години во светот имало рекордни темератури, што е резултат на долгорочното загревање. Живееме во несекојдневни временски прилики: температури од 50 степени во Азија, немилосрдни урагани на Карибите и во Атлантикот, па сѐ до Ирска, потоа катастрофални монсуни и поплави кои погодија милиони луѓе, а во источниот дел од Африка владеат огромни суши.
Сите тие се знаци на климатските промени, предизвикани од гасовите со ефект на стаклена градина, како последица од човековите дејства, сметаат експерите кои дискутираа во Бон на конференцијата за климатски промени.
Концентрацијата на ЦО2 во воздухот е зголемена како никогаш досега, преку 402 промили на кубен метар. Во 1996. година вредноста изнесувала 362 промили, а пред почетокот на индустријализацијата, најмалку 800.000 години континуирано – околу 280 милиграми.
Учесниците на конференцијата се согласија дека е потребно брзо дејстување со цел да се спречат натамошни климатски катастрофи. Целта е што поскоро сведување на нула на емисијата на ЦО2 од фосилни горива, за да се спречи раст на концентрацијата на ЦО2 во атмосферата.
Парискиот договор за климата предвидува намалување на загревањето под два степена Целзиусови, ако е можно и под 1,5 степени.
На Конфренцијата во Бон учестуваше и заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Тој, меѓудругото истакна дека греењето на јаглен во Македонија до 2020 година ќе биде забрането. Оваа мерка е дел од македонските заложби за заштита на животната средина и од борбата со климатските промени кои се предизвикани од огромната емисија на јаглеродни гасови во атмосферата, со што драстично се зголемува температурата на планетата.
– Две третини од загадувањето во Скопје е резултат на затоплувањето на домовите и на користењето несоодветни материјали. Според некои инфорамции, дури 100 семејства на територијата на општина Центар во Скопје се греат на јаглен, а многу од домовите се затоплуваат со неквалитетни дрва, но и со друг штетен материјал – рече Макрадули.
Макрадули вели дека загадувањето може да се реши само со интегриран пристап и со активности во сите области паралелено и со мерки на долг рок, но кои треба да почнат да се реализираат веднаш.