Свет
Таканаречените “активисти” со ново шоу во музејот „Леополд“ во Виена
Двајца мажи во музеј во центарот на Виена истуриле црна боја на сликата на Климт, „Смрт и живот“. Потоа таканаречениот "активист" ја залепи раката на рамката на сликата. По ова, обезбедувањето го евакуирало целиот кат на кој се случил инцидентот, а била повикана и полиција.

Таканаречените “климатските активисти” во Австрија, денеска осквернавија слика на познатиот австриски уметник Густав Климт во музејот „Леополд“. Kоја е поврзаноста на овие т.н. активисти со екологијата и сквернавењето уметнички дела навистина е нејасно, а е слично со активностите кои беа организирани за време на обоената револуција во Македонија.
Во двата случаи со театарско-сценско изрежирано сценарио и претходно обезбеден простор во медиумите со поврзување на неповрзливи работи добиваат публицитет со скриени цели кои само ним им се познати, најверојатно.