Екобаланс ТВ

Супермаркет продава супа, пиво и сапун направени од отпад од храна(видео)

Најпрво тоа беше ланец на супермаркети без пластика, сега Холандија има развиено уште едно ново решение во борбата против отпадот и загадувањето – производи направени со храна, кои инаку би биле сместени во канта за ѓубре.

Супи направени од зелен зеленчук, пиво од застарен леб и сапуни од отфрлените портокалови лушпи се продаваат брзо во филијалата Вагенинген во Џамбо, еден од најголемите холандски синџири на супермаркети. Супермаркетот се наоѓа на 90 километри северно од главниот град на Холандија, Амстердам. Продажбата во првите недели ги надминала очекувањата, вели Џорџ Верберн, претприемач кој раководи со супермаркетот.

Верберн и 18 холандски компании ја започнаа иницијативата „Отпадот е вкусен” минатата недела, поддржана од локален универзитет, како дел од новата национална програма „Сите заедно против отпадот од храна“.

Владата во Холандија има за цел да ја преполови  храна што ја фрлаат граѓаните на оваа земја и да станат првата земја во Европа која ќе ја исполни оваа глобална развојна цел до 2030 година.

Според Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО),на глобално ниво, секоја година една третина од произведената храна во вредност од скоро еден трилион долари се фрла  .

Критичарите велат дека ова не само што не е етичко во свет каде што се зголемува нивото на глад, туку и еколошки деструктивно.

Идејата за продажба на храна чиј изглед не ги исполнува стандардите за супермаркети се роди кога Верберн ја виде презентацијата на отпадот од храна од Тојн Тимерманс од Универзитетот „Вагенинген“ и се понуди да помогне.

Тимерманс веќе 15 години работел на прашањата поврзани со одржлива храна. Тој побарал простор за демонстрација на производи направени од отпад за да види како реагираат потрошувачите.

-Ако сакате да го решите отпадот од храна и да постигнете одржливи системи за храна, треба да работите со луѓе кои имаат пристап до пазарот, како што се продавниците за малопродажба – вели тој.

Истражувачите од универзитетот ќе ги следат продажбите во текот на следните шест месеци за да научат како најдобро да ги прошират производите.

Тагови